КОИ СМЕ НИЕ

ЕКВАЛИТИКО

Здружение за еднакви можности, поддршка и унапредување на статусот на жените и младите ЕКВАЛИТИКО Скопје е официјално формирано во септември 2023год.

Здружение е невладино, непрофитно, доброволно, непартиско здружение на граѓани формирано со слободно здружување на граѓани заради остварување на еднакво и инклузивно општество и општа благосостојба на сите граѓани преку креирање на родово одговорни и праведни социјални политики на локално и национало ниво.


Мисија
: Активна работа за промовирање и постигнување на еднакви можности на сите граѓани во сите сегменти на општествениот, економскиот и јавниот живот, развој на мултикултурно општество, толеранција и недискриминација.

Визија : Еднакво и инклузивно општество и општа благосостојба на сите граѓани преку креирање на родово одговорни и праведни социјални политики на локално и национало ниво.

Стратешки Цели на Здружението се:

  • Промовирање на еднаквите можности, родовата еднаквост, недискриминација и толеранција;
  • Надминување на стеротипите и искоренување на предрасудите во сите области и врз сите основи;
  • Делување во насока на економска и социјална правда за сите граѓани пред се за маргинализираните групи граѓани;
  • Помош и поддршка на жени и девојки жртви на семејно и родово базирано насилство и отстранување на сите облици на насилство врз сите граѓани согласно меѓународните и националните документи;
  • Економско јакнење на жените и младите;
  • Промовирање на мирни општества преку вклучување на жените, девојки и младите во промовирање на безбедност, сигурност и инклузивен и одржлив мир;
  • Лобирање и застапување за креирање на родово одговорни и праведни економско –социјални политики за сите граѓани;
  • Поттикнување на младинскиот активизам и креирање на младински политики;
  • Промовирање и заштита на човековите права на интернет преку зајакнување на капацитетите на граѓаните за следење на процесите на дигитализација;
  • Јакнење на капацитетот на своите членови и зголемување на базата на волонтери и членови;
  • Вмрежување со други граѓански организации на локално, национално и меѓународно ниво;

Начин на Остварување на Целите:
Здружението работи на база на донесен годишен план и програма за работа кои ќе се остваруваат преку следните активности на Здружението :

  • Подготовка и спроведување на проекти и проектни активности;
  • Организирање на дебати, конференции, семинари, обуки, обуки за обучувачи, летни и зимски школи, кампањи;
  • Подготовка на анализи, извештаи , студии соодветно на програмските цели и области;
  • Јакнење на капацитетите на сопствена структура и членство и зголемување на базата на волонтери;
  • Вмрежување и соработка со други граѓански организации на локално, национално и меѓународно ниво;
  • Градење на добри односи со граѓански организации од земјата и странство кои работат на иста или слична тематика;
  • Иницирање на активности за јавно застапување и лобирање по однос на законски иницијативи и амандмани соодветно на приоритетните програмски области на Здружението;
  • Реализирање на студиски посети во земјата и странство;
2023

ФОРМИРАЊЕ

Формирани во август/септември 2023

2024

ДОСТИГНУВАЊА

Вклучени во национални и регионални активности

2025

ДЕНЕС

Продолжуваме понатаму со активности

ЗА НАС

НАШИОТ

ТИМ

ЧЛЕНСТВО ВО МРЕЖИ