Од 23 до 26 октомври се одржа Конференцијата на Ромките, организирана од Кали Сара каде како клучни прашања беа „Како да ги натераме институциите да ги слушнат и видат жените Ромки?“ и „Смена на генерациите во активизмот – како да ги поддржиме младите Ромки во активизмот ?“ Прашањата отворија важни дискусии за видливоста, застапувањето, зајакнувањето и иднината на женскиот активизам на Ромките.
🤝 Средбата со активистки и експертки од повеќе европски земји беше можност за размена на искуства, зајакнување на соработката и продолжување на заедничката работа за еднаквост, права и поголемо учество на Ромките во процесите на донесување одлуки.




