Психофизичката стабилност и личната безбедност како основно женско човеково право


Кога зборуваме за човекови права, особено за женските човекови права, често ги замислуваме големите општествени битки, законите на хартија, институционалните промени и форумите на високо ниво. Но, реалноста е дека темелот на секоја вистинска слобода и секое право почнува многу подлабоко – во секојдневниот мир на секоја жена, во нејзиниот дом, во нејзиното сопствено тело и во нејзиниот ум.

Глобалната Агенда за жени, мир и безбедност, најчесто се гледа низ призмата на конфликти, мировни договори и макро-политика. Но, што е со секојдневниот, суров притисок во кој живее современата жена? Што е со секојдневната исцрпеност, обврските без крај и постојаната трка меѓу професионалните амбиции, семејството и грижата за сопственото здравје?

Време е длабоко да разбереме дека грижата за психофизичката стабилност не е луксуз, туку фундаментално право. Кога една жена нема простор да дише, кога нејзиното тело е под постојан хормонален и психолошки стрес, и кога нејзиниот внатрешен мир е целосно нарушен, таа не е слободна во вистинската смисла на зборот. Чувството на сигурност и личниот мир почнуваат од онаа првична точка каде што жената се грижи за сопственото тело и здравје како за нешто свето и неприкосновено.

Секојдневниот притисок и скриената борби на жената

Секој ден гледам жени кои носат невидливи товари. Од утринското будење, преку професионалните предизвици на работното место, грижата за семејството, па сè до немилосрдните општествени очекувања за тоа како една жена мора да изгледа, колку мора да биде успешна, совршена и секогаш насмеана. Тоа не е само обичен секодневен замор кој поминува со една ноќ  сон; тоа е длабок, постојан притисок кој остава сериозни траги врз менталното здравје и физичката виталност.

Според податоците и извештаите за менталното здравје и стресот кај жените , тие се значително почесто изложени на хронична анксиозност и согорување токму поради повеќекратните улоги што ги носат на своите плеќи. Кога жената е постојано во грч, кога нејзиното тело реагира на постојан страв од неуспех и кога нема ниту момент за одмор, нејзината основна слобода е директно загрозена. Во такви услови, општеството ретко се прашува што се случува зад затворени врати на нашите домови. Но, вистинската слобода не е само право на глас на избори или рамноправност на хартија – таа значи и неприкосновено право на сопственото тело, право на мирен ум и право на нормален живот без постојано согорување.

Затоа, грижата за себе никогаш не смееме да ја третираме како некаков површен луксуз или помодарство од социјалните мрежи. Напротив, кога свесно се грижиме за нашето физичко и ментално здравје, ние се браниме себеси и го штитиме својот човечки интегритет. Кога една жена свесно одвојува време да го опушти своето тело, да ја ослободи напнатоста од мускулите и да се врати во хармонија со себе, таа ја враќа контролата над сопствениот живот. Тоа е вистинскиот темел на секоја лична сигурност.

 

Психофизичката стабилност како нераскинлив дел од човековите права

Кога во јавноста зборуваме за човекови права, ретко зборуваме за физичките манифестации на секојдневниот стрес – за стегнатите вилици кои ноќе се мачат од притисок, за мускулната напнатост во лицето, за упорните главоболки и за хроничниот умор кој со години се толерира како „нормална состојба.“ А токму таму, во таа физичка манифестација на маката, започнува секоја вистинска несигурност.

Правото на сопственото тело значи дека секоја жена има свето право да се чувствува добро, слободно и опуштено во својата кожа, без постојано да биде под тежок морален притисок дека мора да се жртвува за сите други пред да помисли на себе. Кога преку свесни техники на опуштање, физичка грижа, свесно дишење и нежна грижа за мускулите на лицето и телото успеваме да го исфрлиеме насобраниот отров од стресот, ние не правиме само козметички третман. Ние му испраќаме длабока психолошка порака на сопственото тело дека тоа е видено, вреднувано, сакано и заштитено од каков било надворешен притисок. Ова е директно поврзано со официјалните насоки за телесниот интегритет и автономија,

Ако една жена нема слобода да застане, да здивне, да каже „до овде“ и да се погрижи за својот внатрешен мир, таа е практично заробена во систем кој нејзината вредност ја мери само преку нејзината бескрајна услужност и тивок труд. Затоа, секој свесен обид за враќање на психофизичката рамнотежа е чин на борба за сопствената слобода и заштита на човечкото достоинство.

Од микро-светот до општествениот мир- поврзување со Агендата „Жени, мир и безбедност

Често мислиме дека поимот „мир и безбедност“ припаѓа исклучиво на големите политички договори, државните граници, дипломатијата и вестите за воени конфликти во светот. Но, кога подлабоко ќе ја проучиме филозофијата зад резолуцијата за жените, мирот и безбедноста станува кристално јасно дека не може да постои стабилен надворешен мир во едно општество доколку жените се секојдневно соочувани со длабоки несигурности, семејно насилство, емоционална исцрпеност и недостаток на основни услови за достоинствен живот.

Ако една жена секојдневно се бори со внатрешно согорување, емоционален притисок и нема никаква поддршка за сопственото ментално и физичко здравје, таа всушност живее во постојан микро-конфликт со својата околина и со самата себе. Вистинската безбедност за жените значи сигурност на апсолутно секое ниво – поаѓајќи од целосно отсуство на секаков вид насилство, дискриминација и родови предрасуди, па сè до безусловното право на здравје, квалитетен одмор, заштита и ментална стабилност.

Кога една жена е психофизички стабилна, кога е сигурна во своите сили и кога има мир во сопствената глава и тело, таа ја поседува внатрешната моќ да биде двигател и столб на секоја позитивна промена во локалната заедница. Затоа, инвестирањето во менталниот, емоционалниот и физичкиот мир на жените не претставува само приватен избор или нечиј личен хир туку е клучeн стратешки чекор кон постигнување на вистинска општествена рамноправност, правда и одржлив мир. Зашто, едноставно кажано – без мир во секојдневниот живот на секоја поединечна жена, нема вистински мирен свет за никого.

 

Заклучок: Внатрешниот мир како врвно човеково право

Крајно време е како општество целосно да престанеме да ја гледаме грижата за себе како некаков спореден луксуз или како нешто што „се прави дури откако ќе заврши сè друго на бесконечната листа со обврски“. Психофизичката стабилност, светото право на сопственото тело и личната безбедност се камен-темелник на сите женски човекови права.

Кога една жена храбро ќе одлучи да застане, да се погледне во огледало со разбирање, да го ослободи секојдневниот стрес од лицето и да си го врати својот изгубен внатрешен мир, таа не прави само обична рутина за убавина. Таа гласно испраќа порака дека нејзиниот живот, нејзиното здравје и нејзината лична слобода се од суштинско значење. Глобалните агенди за мир и безбедност почнуваат токму тука – во тој тивок, секојдневен избор дека сите жени заслужуваат да живееме без постојан страв, без хронично согорување и со длабока, непоколеблива почит кон сопственото тело и ум.

Затоа, дајте си силна дозвола да бидете добро. Затоа што кога една жена е длабоко сигурна, здрава, насмеана и мирна одвнатре, целото општество природно станува многу посреќно, поправено и посигурно место за живеење за сите.

авторка: Александра Николиќ

Александра Николиќ е козметолог, претприемач и основач на козметичкиот салон „Хармонија на убавината“ во Скопје. Со долгогодишно искуство во негата и естетиката, кое го надградувала и преку стручни обуки во странство (вклучувајќи ја и Италија преку програмата Еразмус), нејзината работа е длабоко посветена на неинвазивните техники за регенерација, лице фитнес и враќање на природната рамнотежа на телото и духот. Покрај практичната работа со клиенти, активна е и во полето на дигиталното претприемачство и создавање едукативни водичи за природно скулптирање на лицето. Низ секојдневната работа со жени, таа се застапува за идејата дека грижата за психофизичката стабилност и личниот мир не е луксуз, туку основна човекова потреба и услов за достоен и сигурен живот.

Коментарите се оневозможени