Дали добро управуваме со своето време и дали се грижиме за себе?
Од 21 до 23 август 2026 година во Охрид, ЕКВАЛИТИКО организираше тридневна обука „Менаџирање со време, превенција од работно прегорување – Се грижиме ли за себе?“
Во текот на обуката разговараме за тоа како свесно и проактивно да го организираме времето, да ги препознаеме и поставиме приоритетите и да направиме разлика помеѓу она што е навистина важно и она што само ни го одзема времето.
Како се применува PARETO и ABC методите во практично планирање, како да ги идентификуваме најчестите „крадци на времето“.
Посебен дел од обуката беше посветен на грижата за себе – што значи таа за нас, кои модели на грижа за себе ги имаме и што нè спречува да се грижиме за сопствената благосостојба. Зошто грижата за себе е важна за превенција од работно прегорување?
Затоа што грижата за себе не е луксуз – туку потреба.
Самата идеја произлезе од секојдневната реалност во која сите ние живееме и работиме. Сите често го изговараме оној добро познат израз: „Немам време“. Сите постојано брзаме, трчаме по рокови, обврски и туѓи приоритети, и многу лесно забораваме дека најважниот ресурс во сѐ што правиме сме самите ние.




