Присуство на надзорна расправа на тема Превенција од семејно насилство


На 20 јули 2026г присуствуваме на надзорната расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство,од аспект на еднаквите можности,
институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“ организирана од страна на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите во Собранието. Како предизвици беа споменати : дефицит на професионален кадар во Центрите за социјална работа, континуирано усовршување на веќе постоечките кадри, недостиг на услуги на локално ниво од типот на советувалишта, шелтер центри, програми за економско јакнење на жртвите.

Коментарите се оневозможени