Од 23 до 25 април 2025 год. во Гевгелија се одржа работилница со повеќе засегнати страни на тема ,,Пост легислативна контрола над безбедносните закони и политики.” На работилницата земаа учество претставници на граѓанските организации, медиумите, претставници на Парламентот, и претставници на Народниот правобранител во Република Северна Македонија.
Настанот имаше за цел да ги спои претставниците на Парламентот (пратеници и парламентарна служба) и претставниците на Народниот правобранител, граѓанските организации и медиумите за да се зголеми разбирањето за нивните различни улоги во надзорот и обезбедувањето на ефикасно и отчетно управување со разузнавачкиот и безбедносниот сектор. Потребата од ваков тип на работилница пред сѐ произлегува од интересот на засегнатите страни за размена на размислувања, знаења, добри практики и дефинирањето на одговорностите и улогите во сеопфатниот надзор и контрола над безбедносно-разузнавачкиот сектор во Република Северна Македонија.
Меѓу темите кои беа разгледани се следните :
- Значењето на пост-легислативната контрола во демократското управување и надзорот на безбедносниот сектор
- Улогата на независните надзорни тела и парламентарните безбедносни комисии o Улогата на граѓанското општество и медиумите
- Следење и известување за влијанието на законите
- Разлика помеѓу ex-ante (пред-легислативна) и ex-post (пост- легислативна) контрола
- МЕТОДОЛОГИИ И АЛАТКИ ЗА ЕФЕКТИВНА ПОСТ-ЛЕГИСЛАТИВНА КОНТРОЛА што вклучува начин на собирање податоци и проценка на законите базирани на докази, поставување одредници за проценка на ефективноста и влијанието на законите, мапирање на засегнатите страни и сл.

