На 9 мај во Скопје беше промовирана Феминистичката антифашистичка мрежа ФАМа која обединува над 100членки на регионално ниво и е активна низ речиси сите земји од регионот (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија). Целта е обединување на женското движење против новите облици на фашизам и обединување за рамноправност, мир и правда. Организација стана дел од регионалната мрежа, но и од националната ФАМа.



