На 20 мај присуствувавме на промоција на Извештајот за родова самопроценка на Министерството за одбрана и Армијата. Извештајот претставува сеопфатна анализа и проценка на степенот до кој политките, практиките, опремата и инфраструктурата, и организациската структура придонесуваат за родовата еднаквост во институцијата. Претседателката на организацијата беше активно вклучена во изработката на Извештајот.



