Род и мир на Балканот: Мапирање на патот напред


Учество на Меѓународната конференција „Род и мир на Балканот: Мапирање на патот напред“ (Сараево, 25-27 февруари 2025 година). Конференцијата го испитува влијанието на балканските војни низ призмата на родовата правда, фокусирајќи се на начините на кои патријархалните структури го продолжуваат насилството и продолжуваат да ги обликуваат постконфликтните реалности. Триесет години подоцна, феминистичките гласови од балканскиот регион и пошироко ќе го истражат пресекот на родот, национализмот и градењето мир, нагласувајќи го активизмот и отпорот на жените.
Во рамки на конференцијата наша претставничка учествуваше со свој труд за моменталната состојба со еднаквите можности и родовата еднаквост во државата. Настанот ги собра експертите од областа на градењето мир, феминистичката борба, мировниот активизам, безбедноста и други општествено релевантни прашања. Едно од прашањата што ги поставивме беше, дали веќе живееме во Трета светска војна каде што државите се повеќе фокусирани на зачувување на моќта отколку на заштита од закани.

Коментарите се оневозможени