Оваа анализа, насловена „Кој го носи товарот? Неплатена работа, грижа и
родова нееднаквост“, има за цел да ја прикаже родовата димензија на
неплатената работа и економијата на грижа во Република Северна Македонија,
преку анализа на релевантните статистички податоци, меѓународната, европската
и националната правна и политичка рамка, како и преку анализа на ставовите,
искуствата и практиките поврзани со поделбата на грижата и домашната работа.
Анализата тргнува од тезата дека неплатената работа и грижата претставуваат
структурна форма на родова нееднаквост која директно влијае врз економската
положба на жените и нивното учество во јавниот и економскиот живот. Преку
комбиниран пристап на деск-анализа на меѓународната и домашната правна
рамка и емпириско онлајн истражување спроведено на примерок од 200
испитаници, овој документ има за цел да ја мапира состојба во државата.


