Завршен циклус на обуки-Тренинг на тренери


Во текот на 2024-2025 година , претставничка на организацијата учествуваше во програма за градење на капацитети (тренинг на тренери) наменета за претставници на граѓански организации и медиуми со фокус на реформи во безбедносниот и разузнувачкиот сектор. Обуките се дел од програма на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор ДКАФ. Во рамки на циклусот обуки покрај специфичните теми поврзани со безбедносно разузнувачкиот сектор се опфатија и теми како фасцилитаторски вештини, лидерство, комуникациски вештини организаирање на содржина на обуки, евалуација и мониторинг на обуки и сл. Учесниците се здобија со сертификати. Практичната имплементатицја на наученото ќе се спроведува во рамки на акредитирана програма на УГД -Штип каде обучените тренери ќе спроведуваат обуки.

Коментарите се оневозможени