Популизам во земјите на Западен Балкан


Учество на наша претставничка со свое излагање на конференција за Популизам во земјите на Западен Балкан, во Белград, Србија, (20-23 септември 2024) организирана од страна на Жени во Црно. Нашата претставничка говореше за балканските популисти, што им е заедничко, популистичка десница и популистичка левица, специфични манифестации на популизмот во државата.
На конференцијата беа присутни активисти, активистки, истражувачи и експерти/експертки од регионот на Западен Балкан говорејќи на теми поврзани со популизамот во земјите од каде доаѓаат.
На конференцијата и претходеше протест „И верувам на Милена Радуловиќ“ -пред судот во Белград (Палата на правдата) во знак за поддршка на српската актерка Милена Радуловиќ која во тој период започна судски процес против професорот по глума Мирослав Мика Антиќ обвинет за силување и сексуално вознемирување на актерката и уште шест други девојки во драмското студио „Работа на срцето“ во негова сопственост. По протестот учесничките присуствуваа на судскиот процес.

Коментарите се оневозможени