Учество во Програма за изградба на капацитети на ГО, медиуми и преставници на собраниски служби за реформи во безбедносниот и разузнувачкиот сектор спроведена од страна на ДЦАФ-Женевски центар за реформи во безбедносниот сектор


ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор е меѓународна фондација чија мисија е да дава поддршка на меѓународната заедница во овозможување на добро управување и реформа на безбедносниот сектор.
Организацијата преку свој претставник беше вклучена во Програмата за изградба на капацитети на претставници на граѓански организации за реформи во безбедносниот и разузнувачкиот сектор во Република Северна Македонија спроведувана од страна на ДЦАФ-Женевски центар за реформи во безбедносниот сектор со временска рамка 2021-2026 год. Програмата е наменета за граѓански организации, претставници на медиуми и претставници на соодветните служби од Собранието на Република Северна Македонија. Првиот дел од програмата се спроведе во текот на декември 2022-декември 2023 година.

Првиот дел од Програмата опфаќа различни теми како следните:

  • Улогата на ГО и медиумите во надзорот на безбедносниот и разузнувачкиот сектор, принципи на добро управување,
  • Парламентарен надзор над секторот,
  • Пристап базиран на човекови права и родова перспектива во надзорот над безбедносниот и разузнувачкиот сектор,
  • Нато и ЕУ стандарди за реформи во секторот,
  • Развој на стандардизиран водич за граѓански надзор над безбедносниот и разузнувачкиот сектор

Како краен продукт беше развиен стандардизиран водич за граѓански надзор над секторот во кој активно учество зедоа и како автори се претставниците на сите граѓански организации и медиуми кои се вклучени во програмата.

Претседателката на организацијата активно учествуваше во сите обуки спроведени од страна на ДЦАФ и се здоби со сертификат за завршен прв циклус на обуки од областа.

Во рамки на оваа програма, претседателката на Здружението зеде учество во студиска посета во Берлин во септември со цел подобро запознавање со функционирање на надзорот од страна на невладините организации во Германија кои работат на оваа тематика како и запознавање со работата на соодветните парламентарни комисии.

Во текот на 2024-2025 се спроведува вториот дел од програмата односно обука за обучувачи. Во рамки на овие обуки акцентот на програмата беше ставен на градење на капацитети на обучувачи кои понатаму преку обуки и тренинзи би ги пренеле своите знаења на останати заинтересирани во оваа област. Претседателката активно учествуваше во сите обуки (пет) спроведени од страна на ДЦАФ-Женевски центар за реформи во безбедносниот сектор. Меѓу обуките кои беа спроведени се следните :

  • Приватност и заштита на податоци во дигитална ера
  • Организирање на содржина за обуки
  • Вештини и техники за испорака за обуки
  • Основи на реторика и нејзина примена во спроведување обуки
  • Пост легислативна контрола на безбедносниот закони и политики

Коментарите се оневозможени