Еднаквите можности и родовата еднаквост претставуваат едно од темелните
вредности на демократското управување и одржливиот развој. Локалната
самоуправа, како ниво на власт најблиско до граѓаните, може да има клучна улога
во промовирањето и унапредувањето на овие вредности преку своите политики,
програми и буџети. Во тој контекст, програмите на Општина Карпош треба да ја
рефлектираат потребата за еднаков, инклузивен и инерсекциски пристап кој ќе ги
земе предвид различните потреби, улоги, приоритети и можности на жените и
мажите, девојчињата и момчињата, со цел креирање праведни и одговорни
локални јавни услуги и политики.
Оваа кратка анализа има за цел да го процени степенот на вклучување на родовата
перспектива во програмските документи и активности на Општина Карпош.
Фокусот е ставен на тоа дали и како се адресираат прашањата за еднаквите
можности и родова еднаквост во секторите односно програмите кои се земени
како предмет на анализата, а тоа се култура, спорт, детска, социјална и
здравствена заштита. Истовремено се разгледува и специфичната програма за еднакви можности.

