Конференција за родова правда


 Од 3 до 7 ноември 2025 година во х „Номад“, Бјелашница, БиХ присуствувавме на регионалната конферениција за родова правда во Западен Балкан. На конференцијата организации од 8 земји од Западен Балкан дискутираа за унапредување на колективното движење, мониторинг и мерење на влијанието на успехот – колективно искуство, соочување со негативните реакции, притисоци и предизвици во финансирањето.

Истовремено го презентиравме нашето најново истражување ,,Твитови, закани и трауми:Дигиталното насилство на онлајн платформите.” Останатите теми кои беа опфатени на конференцијата се: дигиталното насилство во Република Хрватска, кампања ,,Поддршка на супер девојките“ (Србија), Берлинскиот процес: Градење родово праведна иднина за Западен Балкан, антиродовите мобилизации во ЗБ.

Коментарите се оневозможени