Обука,,Приватност и заштита на податоците во контекст на новите технологии”


Од 17 до 19 јуни 2026 година, во хотел „Дрим“ во Струга присуствувавме на работилницата „Приватноста и заштитата на податоците во контекст на новите технологии“, организирана во рамки на Програмата за реформи на разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија (2021–2026), имплементирана од ДЦАФ.

💻📘Преку интерактивни предавања, практични вежби и студии на случај, учесниците дискутираа за правото на приватност, заштитата на личните податоци и предизвиците што ги носат новите технологии, како што се вештачката интелигенција, биометриските системи, технологиите за препознавање лица итн.

👩🧔Посебен акцент беше ставен на балансирањето помеѓу заштитата на човековите права и потребите на националната безбедност, како и на улогата на институциите и граѓанското општество во обезбедувањето на ефикасен надзор, транспарентност и отчетност во дигиталната ера.

Коментарите се оневозможени