На 5 март присуствувавме на свечен прием организиран од страна на Собранието на Република Северна Македонија по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената. 8 Март е ден кога се потсетуваме на долгата борба на жените за еднакви права, достоинство и еднакви можности. Денес се потсетуваме дека борбата за родова еднаквост сè уште трае. Насилството врз жените, економската нееднаквост и недоволната застапеност во одлучувањето се реалности со кои многу жени и понатаму се соочуваат. 8 Март е ден за солидарност, поддршка и заедничка акција – за општество во кое секоја жена и девојка ќе може да живее без страв, со еднакви права и можности.




