Како организација учествувавме на престижната конференција на Европската асоцијација за истражување на мирот (EuPRA 2026) во Сараево од 4 до 6 ноември 2026. На оваа значајна конференција беа опфатени клучни теми поврзани со деколонијалните и критичките мировни студии, феминистичките мировни истражувања, социјалните движења, родово заснованото насилство и градењето мир преку образование и уметност. Покрај активното учество во работните сесии и Генералното собрание на асоцијацијата, претседателката на Еквалитико, одржа инспиративна презентација на тема „Враќање на секојдневниот мир: Женските невладини организации и феминистичката мировна работа за време на конфликтот во Северна Македонија во 2001 година“. Продолжуваме посветено да ги претставуваме македонските искуства и да придонесуваме кон глобалните мировни иницијативи




