На 23 април се одржа надзорна расправа Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на тема ,,Спроведување на законите, политиките, институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство од аспект на еднаквите можности”. На истата се презентираа клучните активности на различни институции и конкретни расположливи податоци како и планирани идни чекори. На 27 април се одржа првото продолжение на надзорна расправа каде се нагласи важноста од потребата за системски решенија, мултидисциплинарен пристап, функционален централен систем за следење на пријави како и поголемо внимание на различни форми на семејно насилство. Кога се зборува за насилство, нема простор за поделби.




