Oд 2 до 4 јули 2025 во х.Рамада Плаза-Гевгелија се одржа втората работилница за претставници на Парламентот, граѓанските организации, медиумите и претставници на Народниот правобранител. Работилницата имаше за цел да ги спои претставниците на Парламентот (пратеници и парламентарна служба) и претставниците на Народниот правобранител, граѓанските организации и медиумите за да се зголеми разбирањето за нивните различни улоги во надзорот и обезбедувањето на ефикасно и отчетно управување со разузнавачкиот и безбедносниот сектор. Потребата од ваков тип на работилница пред се произлегува од интересот на засегнатите страни за размена на размислувања, знаења, добри практики и дефинирањето на одговорностите и улогите во сеопфатниот надзор и контрола над безбедносно-разузнавачкиот сектор во Република Северна Македонија.



