Средби и соработка со ,,Кали Сара”


Од јули 2024 година е воспоставена соработка со хрватското здружение Кали Сара кое работи со ромската популација во Република Хрватска. Од тогаш па се до сега се организирани неколку онлајн работни средби на кои присуствуваат жени Ромки активистки од регионот на Западен Балкан, а целта е заедничко делување за организирање на Меѓународна конференција за жени Ромки на која би присуствувале истакнати жени Ромки, активистки и борки за човекови и женски права од регионот но и пошироко. Претседателката на Еквалитико е вклучена во организацискиот одбор за планирање, организирање и спроведување на Меѓународната конференција.

Коментарите се оневозможени