Учество на тркалезна маса на тема Жените како столб на отпорот и мирот наспроти воените закани


На 26 јуни 2025 во организација и на покана на Journalists for Human Rights -JRH во просториите на Центар Гнездо присустувувавме на тркалезна маса насловена ,,Жените како столб на отпорот и мирот наспроти воените закани.” На тркалезната маса зедоа учество претставници на 10-тина граѓански организации, индивидуалци -активисти за мир, медиумски работници, новинар(к)и дискутираа за потребата од траен и одржлив мир во време кога во глобални рамки во светот се појавуваат неколку воени жаришта. Улогата на жената е клучна во обезбедување на траен мир, но исто така неопходно е итно и поголемо вклучување на жените во сите мировни процеси и преговори, поголема мировна активност од страна на женските и останатите граѓански организации бидејќи стабилноста, безбедноста и мирот се основа на сите општествени процеси. Како продукт од овој настан произлезе тнр. Манифест за мир, кој го потпишаа сите граѓански организации присутни на тркалезната маса.

Коментарите се оневозможени