Учество на тркалезна маса ,,Поврзување на локалните и националните институции во креиррање на родово сензитивни и инклузивни политики”


На 15 јули земавме учество на тркалезна маса на тема „Поврзување на локалните и националните институции вокреирање на родово сензитивни и инклузивни антикорупциски политики“ која се одржа во Европска куќа (EU House), Велес.

На настанот експерти, професори, претставници на локални институции и граѓански организации дискутираа за повеќе прашања меѓу кои и : Правна регулатива и зошто се важни локалните стратешки документи во борбата против корупцијата; Политичките партии и локалната корупција: затворени структури, предизвици за транспарентност и родова еднаквост; Предизвиците на жените на локално ниво во пристапот до ресурси,информации и одлучување, како предуслов за развој на правични анти корупциски политики. Тркалезната маса беше организирана од страна на националната мрежа Жените за жените и Организација на жени на општина Велес.

Коментарите се оневозможени