Во пресрет на локалните избори 2025 година, Националната мрежа Жените за жените, Еквалитико и Женски Форум-Тетово започнуваат онлајн кампања за промотивна и организациска поддршка за сите жени кандидатки без разлика дали доаѓаат од политички партии или се независни кандидатки. Активностите ќе вклучуваат: кампања на социјалните медиуми за промоција на жените кандидатки, заеднички средби и повици за женска солидарност, активности за кампања и избори без говор на омраза и поддршка за поголема видливост на сите кандидатки за градоначалнички, носителки на листи и кандидатки за советнички. Исто така ќе се спроведе и мониторинг на изборите во неколку општините. Мониторингот ќе биде проследен со соодветни конкретни заклучоци и препораки.


