На 23 и 24 септември во Собранието на Република Северна Македонија присуствувавме на тркалезна маса на тема
,, Унапредување на родовиот паритет и борба против дигиталното насилство врз жените во почитиката .” Во присуство на претставнички од Интер парламентарната унија, членки на Комитетот на ЦЕДаВ, како и пратенички и претставници на граѓанските организации се дискутираше за родовиот паритет во парламентот и политиката, меѓународната, регионалната и националната рамка за еднакви можности. Додека пак, посебни сесии беа посветени на сексизмот, вознемирувањето и дигиталното насилство насочени кон жените во политиката.




