Жените во дигиталната ера -од безбедност, права и здравје до економска еднаквост


Оваа публикација е производ на повикот за авторски текстови што го објави ЕКВАЛИТИКО со цел да отвори јавен простор за клучните предизвици со кои се соочуваат жените денес – во онлајн и офлајн просторот. Во неа се обединети анализи и рефлексии од експерти, истражувачи, активисти и млади автори со различни професионална позадина.

Збирката е поделена во три меѓусебно поврзани тематски области:

  1. Дигитализација, дигитално насилство и вештачка интелигенција: Фокус врз онлајн безбедноста на жените, алгоритамското засилување на штетните содржини, дигиталните права и родовиот јаз во СТЕМ и ИКТ секторот.
  2. Вработување, економско јакнење и еднакви можности: Анализа на „стаклениот таван“ и невидливиот труд на жените во јавната администрација, како и улогата на родово-сензитивните политики и родово одговорното буџетирање во економскиот развој.
  3. Здравје, лична безбедност и благосостојба: Прашања за менструалната правда и хигиената како човеково право, важноста на организираниот превентивен здравствен скрининг и психофизичката стабилност како темел на личната безбедност.

Коментарите се оневозможени