,Нема да не снема”. Овој 8 Март маршираме за да го подигнеме гласот против родово базираното и семејното насилство, и бараме институции што ќе постапуваат и нема да чекаат за да биде предоцна. Секој пропуст чини живот. Без ефективна заштита, правото на живот и достоинство — најосновно човеково право — може да биде одземено токму од оние што треба да штитат.
8 Март е потсетник на историската борба на жените за основни права – еднаква плата, право на глас, подобри работни услови, рамноправност во општеството и право на безбедна средина без насилство.



