Учество на настанот организиран од страна на Европска мрежа за работа со сторителите на семејно насилство и насилство врз жени каде се проморираше проектот „Стоп! Работа со локалната заедница – зајакнување на локалните заедници со цел ставање крај на семејното насилство и насилството врз жените.“ Целта е созадавање на одговорна заедница која ја промовира културата на ненасилство меѓу сите свои жители како и создавање на дигитални алатки за практичари и активисти за практични информации за мобилизирање на локалната заедница во борбата против семејното насилство и насилството врз жени.
Европската мрежа за работа со сторители на семејно насилство (WWP EN) е основана во 2014год. и ги обединува експертите од програмите за сторители, истражувачките институти и службите за поддршка на жртви/преживеани. Се стремиме да создаде место односно Европа каде што работата со сторителите на насилство ќе биде одговорна, ефикасна, каде ќе се применуваат унифицирани европски стандарди за работа со сторители.

