Присуство на тркалезна маса организирана oд страна на Глобалната мрежа за истражување и соработка на полето на родово базирано насилство за презентација на најновите истражувања на темата ,,Насилството од интимен партнер. “
Во истражувањата се земени предвид и останати вкрстени фактори како раса,социо-економски статус, попреченост итн. како едни од факторите на ризик, како и превентивните стратегии кои би биле најефективни во намалувањето на овој тип насилство. Исто така внимание се обрна и на интервенциите на случајни сведоци на насилството.
Насилство од интимен партнер е злоупотреба или агресија што се јавува во романтична , љубовна врска, брак. Интимен партнер се однесува и на сегашните и на поранешните партнери и сопружници. Истото може да се случи еднаш па се до повеќекратно насилство односно повторување на насилното однесување во текот на повеќе години. Тоа може да вклучи кој било од следниве типови на однесување: физичко насилство , сексуално насилство, демнење, психолошка агресија.
Мисијата на Мрежата за истражување и соработка за родово базирано насилство (GVR-CN) е да го унапреди разбирањето на родово базираното насилство преку инклузивно, колаборативно и влијанието врз истражувањата, застапувањето и споделувањето на знаењето.

