Настанот се организира со цел да се подигне свеста за дигиталното насилство како форма на родово базирано насилство, неговите последици врз менталното здравје и потребата од ефикасна заштита и поддршка за жртвите. Дигиталниот простор нуди бројни можности, но истовремено се соочува со сериозни предизвици поврзани со онлајн насилството, сајбер-безбедноста и последиците врз психичката добросостојба. Целта на овој настан е да отвориме стручен и сеопфатен разговор за овие феномени од правен, технички и психолошки аспект.
Детали за настанот:
- Датум: 27 ноември 2026г.
- Време: 12 часот
- Платформа : ZOOM (онлајн)
- Говорнички: Даниела Антоновска, претседателка на Еквалитико
- Лилјана Пецова Илиеска, експертка за дигитални права, сајбер-безбедност и заштита на личните податоци
- Надица Скепароска Петковска, м-р на науки од областа клиничка психологија, психотерапевт од трансакциска анализа
Во вториот дел од настанот е предвидена отворена дискусија за прашања и коментари од учесниците.

