Во рамки на регионален проект спроведуван од страна на Здружението „Безбедни места“ од Република Хрватска, (Sigurna mjesta) кој се однесува за собирање податоци за улично вознемирување преку апликацијата
SAFECITY (Регионален предизвик за податоци) во текот на 5 недели, наша претставничка учествуваше во дискусиите како да се собираат податоци, зошто податоците се важни, кои се последиците од уличното вознемирување и како да се разговара со жртвата. Членовите на Safecity од целиот свет ги презентираа своите активности, а меѓу учесниците во проектот беа генерирани и бројни идеи.
Апликацијата е и добра можност да се види фрекенцијата на пријави на случаи и местата каде вознемирувањето на јавни простори е најзастапено. Информациите се анализираат за да се ангажираат заедниците и институциите да најдат решенија преку креирање подобри политики и инфраструктура на јавни простори.

