Стоп! Работа со локалната заедница – зајакнување на локалните заедници со цел ставање крај на семејното насилство и насилството врз жените


Учество на настанот организиран од страна на Европска мрежа за работа со сторителите на семејно насилство и насилство врз жени каде се проморираше проектот „Стоп! Работа со локалната заедница – зајакнување на локалните заедници со цел ставање крај на семејното насилство и насилството врз жените.“ Целта е созадавање на одговорна заедница која ја промовира културата на ненасилство меѓу сите свои жители како и создавање на дигитални алатки за практичари и активисти за практични информации за мобилизирање на локалната заедница во борбата против семејното насилство и насилството врз жени.

Европската мрежа за работа со сторители на семејно насилство (WWP EN) е основана во 2014год. и ги обединува експертите од програмите за сторители, истражувачките институти и службите за поддршка на жртви/преживеани. Се стремиме да создаде место односно Европа каде што работата со сторителите на насилство ќе биде одговорна, ефикасна, каде ќе се применуваат унифицирани европски стандарди за работа со сторители.

Коментарите се оневозможени